Skip to main content

Домашните платежни картички за граѓаните ќе задоцнат 2 недели

Домашните платежни картички за граѓаните ќе задоцнат 2 недели. Ова пролонгирање се прави на барање на банкарскиот сектор.

 |   | 

Домашните платежни картички за граѓаните ќе задоцнат 2 недели. Ова пролонгирање се прави на барање на банкарскиот сектор.

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Наместо да ги издадат до 3 јули, банките со новата уредба ќе имаат рок тоа да го направат до 18 јули. Пролонгирањето на рокот е на барање на банкарите кои имале потреба од дополнително време за да ги издадат картичките.

Граѓаните пак, за кои е наменета финансиската помош, може да ги искористат парите за купување домашни производи или услуги најдоцна до 15 август, наместо до 31 јули како што беше претходно.