Skip to main content

Намален бројот на поднесени барања за категоризација на леглата во приватното сместувањe

Во изминативе месеци опаднал бројот на поднесени барања за категоризација на леглата во приватното сместување. Деновиве со олабавување на мерките започнало и мало раздвижување и во оваа сфера, велат од одделението на Тлер. Комисијата наскоро ќе почне да излегува на терен за да ги утврди категориите кои од година во година стануваат се подобри.

 |  Валентина Неловска  | 

Новонастанатата ситуција со Ковид 19 се рефлектираше и врз доставување на барањата за пријави на  категоризација на сместувачките легла на охридското крајбрежје, инфромира Илкер Мустафа од одделението за Туризам и локален економски развој.

„Враќајќи се наназад неколку месеци барањата за категоризација се намалени што е нормално. Но, по олабавување на мерките, станоиздавачите почнаа да поднесуваат нови барања за категоризација на приватното сместување. Комисијата наскоро ќе излезе на терен и да ги категоризира објектите според барањата“.

Во евиденцијата на ТЛЕР има 290 регистрирани станоиздавачи кои се бават со оваа дејност. Последните години постојано се подобруваат и нудат сместувачки капацитети од висока категорија, вели Мустафа. Охрид може да кажам дека не само во Македонија, туку и на Балканот има многу добра понуда на сместувачки капацитети. Околку 90 проценти од регистрираните објекти се од повисоката категорија комфорт.

„Постојат соби, куќи, станови и апартмани за издавње согласно Правилникот кој е пропишан од Министерството за економија. Според него постојат 2 категории стандард и комфорт со една или 2 ѕвезди“, напоменува Мустафа.


Илкер Мустафа од одделението за туризам и локален економски развој напоменува дека до нив пристигаат и барања за продолжувања на решенија за категоризација на сместувачките објекти кои имаат важност од 3 години. Но, има и помал број станоиздавачи кои бараат бришење од регистерот за дејноста приватно сместување од мал обем.