Skip to main content

Нуркачите од центарот Акватек повторно во еко акција

Исчистија дел од подводното крајбрежје на плажа  во Свети Стефан. При тоа извадиле големи количини отпад и предмети кои ги користат луѓето. Од Акватек апелираат до сопствениците на рестораните пред плажите, да организираат  подводно чистење на капалиштата. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од нуркачкиот центар Акватек изведоа еколошка акција на иницијатива на ресторан и плажа Бонанца, а пред почетокот на летната сезона. Акцијата беше успешно реализирана, информира Никола Паскали од НЦ Акватек. Покрај Паскали во акцијата бил вклучен и нуркачот Климчо  Ангелоски.

„Целта беше од еколошки и безбедносен карактер за капачите на плажата. Од водата на брегот на капалишетото беа извадени повеќе автомобилиски гуми, собрани беа две вреќи со пластични шишиња, чаши, лименки, стаклени шишиња, најлони и амбалажа од прехранбени предмети кои ги користат луѓето во секојдневниот живот“, кажува Паскали.

Паскали апелира до граѓаните да се еколошки одговорни, а за безбедност на посетителите повикува сопствениците на рестораните на плажите да покренат слични иницијативи за подводни чистења.

Никола Паскали, подводен археолог,  познат е на јавноста по неговите еколошки активности со кои досега извел бројни подводни еко акции. Самостојно нуркајќи ги исчистил крајбрежните делови на Сараиште, Мостот на желбите, Потпеш.