Skip to main content

Одземени мрежи со уловена белвица во незаконит риболов кај Пештани

 СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе поднесе соодветна пријава.

 |   | 

„На 02.07.2020 година во 00.0 часот, при преземање мерки против „незаконит риболов“, полициски службеници од СВР Охрид, на брегот на Охридското езеро, кај  Пештани, пронајдоа четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
 СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе поднесе соодветна пријава.