Една слика во хотел ,,Казино“ не значи поддршка за објектите за игри на среќа
Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“.
Пишува: Ардит Рамадани
Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“.
Села против игрите на среќа, а Таравари „се релаксира“ во Хотел „Казино“ во Гевгелија, се вели во насловот на рецензираната вест.
Како прво, не е вистина дека Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците (АА) е против игрите на среќа. Тој изјавил дека со доаѓањето на неговата партија на власт, игрите на среќа ќе се одвиваат само во хотелите со пет ѕвездички, но не и дека ќе ги затвори.
„Ние ветуваме дека со нас на власт игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотелите со пет ѕвезди и, како прво, гарантираме дека игрите на среќа ќе бидат далеку од населените места, и како второ, во нив нема да може да има пристап секој и на овој начин видно ќе се намали овој девијантен феномен” изјавиле од Алијансата за Албанците (АА).
Оттука нејасно е како се заклучило дека лидерот на Алијансата за Албанците е против игрите на среќа.
„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно” стои во Етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија.
Комбинирањето на две невистини не ја прави веста поубедлива.За да се „демантира“ неизречената изјава на лидерот на Алијансата за Албанците во врска со казината, се употребила фотографија од личната Фејсбук страна на генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во еден хотел кој се вика „Казинo“.
Ова не може да се употреби како показател на тоа дали еден политичар е за или против игрите на среќа.
Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.
Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.