Почнува кампањата „Дома си е дома“за поддршка на домашниот туризам
Преку 10 видео записи ќе се мотивираат домашните туристи безбедно да го поминат својот одмор во туристички места во земјава. Охрид е претставен со нови атрактивни можности за туристите како што се нуркањето и убавините на националниот парк Галичица, Струга и Вевчани.
Стартува кампањата „Дома си е дома“ за поддршка на домашниот туризам. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка ги промовираа 10-те видео записи за поддршка на домашниот туризам.
„Кои што ја одсликуваат нашата земја. Односно во нив прикажуваме повеќе од 65 атрактивни кои може да се посетат во 2020 година. Се надеваме со овие видеа како дел од кампањата Дома си е дома да помогнеме да се оствари нашата цел да имаме повеќе од 2 милиони ноќевања во 2020 година“.
Во видео промоцијата Охрид е претставен со нови атрактивни можности за туристите како што се едрење, нуркањето и убавините на националниот парк Галичица. На овој начин сакаме фактичката туристичка понуда да ја доближиме до домашните потенцијални туристи, да им покажеме што се има во оваа наша убава земја и каде можат безбедно да го поминат својот одмор со семејството или пријателите, информира Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Со овој проект се очекува домашните туристи да ги зајакнат туризмот и домашната економија, како и да се задржи секое работно место во оваа индустрија која во овој момент трпи сериозни финансиски удари поради кризата.
„2020 година и Ковид 19 создаде поразлични перцепции во туризмот и во светот и кај нас. Се повеќе граѓаните ќе сакаат потивок одмор да патуваат на пократки релации со своите семејства. Токму заради тоа мислам дека домашните туристи ќе сакаат да го искористат слободното време да престојуваат во природа, а Македонија изобилува со природни и неоткриени убавини и тоа е она што ќе го одбележува туризмот“.
Обраќање за време на промотивниот настан кој се одржа во Скопје имаше и амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Зутер Техада. Амбасадорката кажа дека оваа кампања ја гледа како симбол на соработка и нејзиниот успех директно зависи од широката поддршка на сите. На сите чинители вклучени во туризмот можат да ги користат видеата и визуелни и звучни елементи за промоција на кампањата на веб и социјални медиуми.