Спортски игралишта ќе се градат на катастарски парцели во поранешната касарна
На една ќе почне да се гради современ кошаркарски терен, а на другата парцела ќе се одлучи по спроведене анкета со околните жители кои спортски содржини недостасуваат. Со спортските терени ќе стопанисува ЈП СРЦ Билјанини извори, а содржините ќе ги гради Локалната самоуправа со Агенцијата за млади и спорт.
На ЈП СРЦ Билјанини извори доделени се две катастарски парцели од поранешна касарна за изградба на спортски објекти. Покрај постоечкото фудбалско и игралиште наскоро ќе почне да се гради нов кошаркарски терен, информира Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори.
„Тоа ќе е современо игралиште со гумени подлог, со семафор за броење на времето и поени. На него ќе се органзираат и спортски турнири, а на друга поголема парцела под име спортски содржини засега нема конкретна идеја што ќе се направи“.
Од ЈП СРЦ Билајнини извори , наскоро ќе прават анкета со граѓаните од тој дел на градот и со Туристичките агенции за да добијат сознанија за потребите на жителите, но и на туристите. Потоа ќе донесеме квалитетна одлука, се работи за две поголеми површини на кој може д а се гради еден голем или повеќе спортски објекти, информира Јованоска.
„Ние сакаме на тој дел да развиеме некој спорт кој во градот го нема, да привлечеме интерес и кај граѓаните и кај туристите кои доаѓаат. Како град, сакаме да понудиме и да ја прошириме спортската понуда за развој на спортовите да донесеме нови туристи во градот“.
За овој простор на поранешна касарна е изработен урбанистички план, на кој меѓу содржините се вцртани покрај црква и трговски центар, спортски објекти, а не и големи згради.Потребни се повеќе спортски содржини и во овој дел од градот на кој ќе му додадеме поголема суштина и вредност, напоменува Јованоска.
На спортските терени ќе мора да се постави чуварска служба за да не се уништуваат од несовесни граѓани како што е случајот со кошаркарското игралиште поставено пред околу две години, додава директорката на ЈП СРЦ Билјанини извори.