Охрид е еден од ретките градови во земјава каде што инспекторите и Мвр спречуваат организирање забави
Угостителите и хотелите ги почитуваат протоколите. Инспекторите на државниот пазарен инспекторат при контролите досега немаат поднесено ниедна пријава на охридското крајбрежје.
Угостителите и хотелите ги почитуваат протоколите за безбедност од Ковид 19. Градот Охрид е еден од ретките каде што навреме сe спречува организирање забави со превентивно делување на службите од ДПИ и другите служби како што е МВР и останатите инспекторати. Благодарение на нашиот ангажман досега протоколите се почитуваат, информира Цветко Ристески, раководител на подрачната единица на ДПИ.
„Таму каде што бевме известени дека е планирано да се одржуваат музички настани, а јавноста како што знае според протоколите музички настани со естрадни уметници се забранети да се изведуваат, превентивно се делува и веднаш се спречени да се организираат тие музички настани“.
Според протоколите музички настани со изведување на музичка програма од естрадни уметници не дозволено. Досега инспекотрите не откриле прекршување на протоколите, а Ристески кажува на што се должи тоа дали на дисциплинираноста на угостителите или на ангажманот на инспекторите.
„Јас мислам дека тоа се должи на инспекциските служби. Ако ги оставите угостителите не знам дали ќе издржат да не организираат. Гледате по социјалните мрежи има најави ама ние ги сузбиваме веднаш пред да се одржат“.
Од дсоега направените контроли се констатира дека протоколите се почитуваат и на базените и на хотелите . Новите протоколи сега се полиберални во споредба со претходните, но можам да кажам дека до овој момент е задоволителна состојбата, вели Ристески за состојбите на терен. Напоменува дека во Охрид досега не е организирана нити една свадба нити музички настан со кој би се довела во опасност безбедноста на граѓаните во поголеми размери.