Skip to main content

ЕУ денеска ќе извести за визната либерализација за Западен Балкан

Европската комисија (ЕК) денеска ќе ги информира земјите членки на ЕУ за подготвеноста на државите од Западен Балкан за укинување на визниот режим.

 |  Крсте Голабовски  | 
dokument
документ
Европската комисија (ЕК) денеска ќе ги информира земјите членки на ЕУ за подготвеноста на државите од Западен Балкан за укинување на визниот режим.

sovetНа иницијатива на Словенија, ЕК ќе ги информира министрите за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ) за подготвеноста на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ за укинување на визниот режим.

Министрите за внатрешни работи, според словенечката агенција СТА , денеска само ќе бидат информирани за напредокот, а нема да расправаат за укинување на визите за Западен Балкан.

Ова прашање треба да биде тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ, на состанокот закажан за средината на јуни, кога се очекува и да бидат усвоени некои општи заклучоци за визната либерализација.

 

{loadposition content9}