Skip to main content

Летово има помалку интервенции на гаснење пожари на отворен простор

Охридската Територијална против пожарна единица ова лето бележи значително помалку интервенции на гаснење пожари на отворен простор споредено со лани. Во јули охридските пожарникари кои делуваат и натериторија на општина дебрца имале 13 интервенции што според командирот на единицата Спасе Прентоски е многу мала бројка. Апелира граѓаните да не палат стрништа и слама во периодот на жетва.

 |  Валентина Неловска  | 

Летото секогаш подразбира повеќе работа за пожарникарите и поголем број интервенции на отворен простор. Но оваа година во периодот пролет-лето охридската ТППЕ бележи стотина интевенции помалку на отворен простор споредено со истиот период лани.

Можам да кажам дека периодов имаме многу мал број пожари на отворен простор. Во јули имаме околу 13 интервенции што како бројка е доста мала што се должи на временските прилики и зелената вегетација на територија на општините Охрид и Дебрца“.

Минатата година од 1ви јануари до крајот на јули пожарникарите имале 270 интервенции а годинава 167. Од нив, најголем дел, дури 114 биле во февруари и почетокот на март кога пожарникарите секојдневно гасеа пожари на отворен простор како на подрчјето на општина Охрид така и во Дебрца. Потоа со рестрикциите на движењето на граѓаните поради пандемијата со Ковид 19 состојбата со пожарите се смири, вели командирот Прентоски. Сега ги очекува нов предизвик.

„Но карактеристично е сега тоа што е почната жетвата на житните култури на полињата во Охридко, Дебрца како и струшко каде ние се координираме во поглед на интевенции поради што апелирам до сите сопственици на засадени житни култури после жнеењето да не практикуваат да ја палат сламата, да не ги палат стрништата“.

Палењето на стрништа и оставена слама која не се ба.лира поради струењата на воздухот, можат брзо да се прошират и да предизвикаат штета на голема површина. Прентоски се надева дека апелот ќе допре до сите граѓани и додава дека тие како ТППЕ се подготвени во секој момент за интервенции без оглед за каков пожар се работи. Кадровски сме добро екипирани а што се однесува до опремата , кванинтативно сме опремени, квалитетот е тој што е. Возилата 8 на број се во исправна состојба, вели командирот.