Skip to main content

Во болничкиот комплекс ќе се поставува модуларна монтажна болница

Охридската општа болница се подготвува за есенскиот бран на корона вирусот. Во кругот на болничкиот комплекс наскоро ќе се поставува модуларна монтажна болница за лекување на пациенти од Ковид 19. Во подготовките на теренот   ќе треба да се вклучи и Локалната самоуправа. 

 |  Валентина Неловска  | 

Општа болница Охрид од Министерсвото за здравство ќе добие монтажна модуларна болница како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирус. Со тоа болницата ќе добие тријажен центар и ќе се прошират капацитетите за лекување на болни од Ковид 19, информира Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница. Двата монтажни објекти ќе се постават во кругот на болницата со што ќе се прошират капацитетите за 35 кревети.

За модуларните болници имаме голем простор има пристап од две страни за влез и излез по протоколите и проектот за триажен центар. Тие модуларни болници ни се потребни и по завршување на кризата, за која никој не знае како ќе се довива и колку ќе трае. Ќе се искористат и за другите дејности од болницата каде што ќе има преоптовареност на одделите од болницата“.

Министерството за здравство неодамна во системот за проширување на болничките капцитети за лекување на пациенти од Ковид 19 обезбеди монтажни објекти за 16 болници во земјава. Вакви објекти ќе добијат и струшката и битолската општа болница. Со тоа се прават подготовки за зголемен број на болни и од Ковид 19 и од сезонскиот грип. Во поставување на болниците треба да се вклучат и Локалните самоуправи.

„На голема среќа болницата има простор каде што ќе биде монтирана и треба само да се донесат. Градоначалниците и ЈП имаат обврска да ги обезбедат сите постапки кои ги бараат градежните фирми како што се тампонирање и средување на пристапите. Ние имаме обезбедено два приоди и ќе биде сместена модуларната болница зад одделот на геријатрија“.

Станува збор за контејнери од 300 метри квадратни направени со влез и излез, кислородни станици, амбулантен и тријажен дел. Модуларните болници ќе располагаат и со рендген апарат. Во моментов во охридската болница се хоспитализирани 24 пациенти. Од нив 13 се со потврден статус на Ковид 19 и 11 се сомнителни пациенти.