Skip to main content

Промовирана книгата „Балканскиот етнички феникс“ од Рубин Земон

Станува збор за монографија која содржи голем број историски  извори, податоци, артефакти, детали од етнокултурата на Балканските  Египќани. Проф. д-р Земон работи  3 децении на истражувања на историско-етнографските аспекти на оваа заедница.

 |  Валентина Неловска  | 

Промовирана научната студија „Балканскиот етнички феникс“ од д-р Рубин Земон. Ова е антрополшки етнолошка монографија, моја докторска дисертација за Балканските Египќани, вели Земон. Монографијата е изградена врз нови сознанија, податоци, случувања и феномени и е научен придонес за обичната и научната јавност.

„Содржи голем број историски извори, податоци, артефакти, детали од етнокултурата на Балканските Египќани и е дело за подобар развој на нашето мултикултурно општество, за подигање на свеста за различноста на нашето општество, едно општество кое целиме да го градиме. Исто така, е лесно четиво за читање, покрај тоа што станува збор за научна литература, сепак е и за обичниот читател кој не се бави со антропологија и етнологија,  лесно е да го чита и придобие и даваме придонес во сето ова“, вели д-р Земон.

На истражувања на историско-етнографските аспекти за заедницата на Балканските Египќани работи 3 децении. Д-р Земон вели, целиот мој научен живот, не само јас туку  морам со голем чест да ги споменам и сите други научници и соработници кои дале придонес, за сите сознанија кои ги имаме во изминатите 30 години за Балканските Египќани. Сите сознанија се сублимирани и се со потребната научна методологија што треба да ги има за една ваква книга.

„Активно со мојата докторска дисертација се бавев 7 години со истражување. Од 2000 до 2005 истражувањата беа низ целиот Балкански Полустров, истражувања имав во Египет, во музејот Лувр, во Париз, колку што имав можност со моите скромни средства и сите сублимати кои ги зедовме од другите научни истражувања.

Проф. д-р Рубин Земон е етнолог,социо-културален антрополог. Докторирал на Етнографскиот институт со музеј при Бугарската Академија на науките во Софија, Република Бугарија, во 2005 година.Научен соработник бил во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро – Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро – Балкан“ во Скопје.