Струшка приказна
Недостатокот на финансиски средства го загрозуваат животот на 13 годишната стружанка Дукадинка Рајчиноска.
Дукадинка Рајчиноска
Нејзиното семјество сака да и помогне, стручни лица да го подобрат растот на својата ќерка за некој сантиметар, но велат финансиите не го дозволуваат тоа.
Дукадинка Рајчиноска има 13 години и е со низок раст. Освен тоа таа има проблем со колкот и функционирањето на бубрезите. И покрај здравствените проблеми, одлично се вклопува во средината. Редовен ученик е во основното училиште во село Мслешево, каде и живее и е многу добро прифатена од нејзините одделенски другарчиња.
Жално е нашето дете да остане вака, велат родителите. Иако и тие се со низок раст другите две деца немаат таков проблем. Родителите сакаат преку струча помош да го подобрат растот на својата ќерка за некој сантиметар. Но велат, финансиите не им го дозволуваат тоа. По препорака од стручни лица Дукадинка летово, штом заврши учебната година, треба да ја посети „Детската Клиника“ во Скопје. Лекарите треба да одлучат дали може да се подобри нејзиниот раст и бубрежните заболувања. Родителите се загрижени, времето се ближи а пари од никаде нема. Утринава таткото Илче помош побара и од градоначалникот Рамиз Мерко.
„Ми рече дека ќе ми помогне но останува да видиме“-вели таткото Илче Рајчиноски.
Ова петчлено семејство секој месец едвај врзува крај со крај. Месечните примања се 2 600 денри од социјална помош и 4 200 за нега на Дукадинка. Парите се доволно колку да се подмират основните потреби во домот, но не остануваат и за лекување на нашата ќерка, велат родителите.
Дукадинка при оперативен зафат на колкот, добила компликација со бубрезите. Тие престанале да функционираат но по третманите здравствената состојба се подобрила. Редовните лекарски контроли покажуваат дека засега е се во ред, но не гарантираат дека неможе да дојде до откажување на работата на бубрезите. Доколку семјеството за скоро време не најде финансиски средства за испитувањето во Детската клиника, нејзината здравствена состојба ќе остане неизвесна. Хуманите граѓани можат да донираат средства на следнава жиро сметка: 530500011345853 депонент Охридска банка.

{loadposition content9}