Skip to main content

Поголемиот дел од охриѓани не се одлучуваат за летување во странски дестинации заради Ковид 19

Од Туристичките агенции напоменуваат дека многу е мал  процентот на граѓани кои резервираат арнжамни за летување  надвор од земјата. Засега мал интерес има за туристичките аранжамни за летувалиштата во Турција. 

 |  Валентина Неловска  | 

Стравот од короната ги спречи многу граѓани да заминат на летување надвор од земјава.  Охриѓани многу ретко избираат туристички аранжмани за летување во странство оваа летна сезона. Единствена можност каде што без ПЦР тестови може да летуваат се туристичките одморалишта во Албанија, Турција и Египет. Засега само таму се патува без овие тестови, но интересот за патување е многу слаб, вели Јаким Маленко од ТА „Вис пој“.

„Воопшто интересот е многу слаб. Интересот изразено во порценти е послаб за 99 проценти. Ако лани букирањето било 100 посто годинава е еден посто.Никој не се одлучува да патува“.

Граѓаните пак, кои се похрабри и имаат намера да не се откажат од годишните одмори и летувањето на море ги избираат патувањата за Турција. Се одлучуваат да патуваат на годишен одмор на некоја од туристичките дестинации  во оваа земја за кои има можност за патување со авион, вели Маленко.


„Почнаа да се реализираат неколку чартер летови за Турција. Луѓето полека се охрабруваат, но тоа е долг и тежок процес кој ќе трае многу долго. Сепак ние како ТА и ТО во вакви ситуации први страдаме, а последни се опоравуваме од кризата“.

Неизвесноста кај луѓето да патуваат на одмор надвор од земјава, но и да доаѓаат кон туртистичките центри во земјава е голема. Македонија и понатака е на црна листа за патување како земја од висок ризик со заболени од ковид 19. Гостите може да доаѓаат, но голем број не се осудуваат да патуваат, напоменуваат туристичките агенции и оператори.