Skip to main content

Форумот во заедницата во општина Вевчани ќе ја одржи четвртата форумска сесија

Форумот во заедницата во општина Вевчани ќе ја одржи четвртата форумска сесија на 27.08.2020 (четврток) од 14:30 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

 |   | 

Форумот во заедницата во општина Вевчани ќе ја одржи четвртата форумска сесија на 27.08.2020 (четврток) од 14:30 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

Целта на Форумот во заедниците е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Граѓаните – учесници на форумот во општина Вевчани имаа можност да предлагаат идеи и да учествуваат во подготовката на предлог проекти. На претстојната, четврта, сесија – тие ќе ги изберат приоритетните проекти што ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF), поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).