Skip to main content

Се’ ќе биде добро!

Училиштето ООУ “Григор Прличев” Охрид подготви активности со кои ќе ги мотивира своите ученици да ја задржат позитивната мисла и енергија со едно единствено мото : Се’ ќе биде добро!

 |   | 

Училиштето ООУ “Григор Прличев” Охрид подготви активности со кои ќе ги мотивира своите ученици да ја задржат позитивната мисла и енергија со едно единствено мото : Се’ ќе биде добро!

Имено, на официјалната facebook страна на училиштето во живо ќе се одржи краток настан со изведување на весели спортски вежби од страна на наставничката по физичко и здравствено образование на кој од своите домови можат да се приклучат сите деца од најмала до најголема возраст .

Менталното здравје на децата во ова време е најважно, велат од училиштето.

Настанот ” ОСТАНИ #cool ” ќе се емитува во живо денес во 18:45 часот на официјалната facebook страна на училиштето.