Skip to main content

Во охридските градинки може да се згрижат околу 600 деца според критериумите и протоколите од Комисијата за заразни болести

 Од таму велат дека предност имаат децата чии 2 -ца родители  мора да ги извршуваат работните задачи од  работното место и самохраните родители.  Досега не е забележана ситуација во градинките критеримите да се исполнети, а да нема место за  децата чии родители ги исполниле  критеруимите.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските градинки ќе ги отворат вратите за да згрижат околу 600 дечиња. Од среда, ќе почнат да посетуваат градинка децата чии 2 -ца родители мора да ги извршуваат работните задачи од работното место и самохраните родители. Подготовките за отворањ ена гардиснките се целосно завршени во санитарно хигиенски поглед и е постапено според дадените критериуми, информира Мери Рилкова, директор на JОУДГ „Јасна Ристеска“. Според протоколите во групите од 0 до 2 години може да згрижиме по 6 деца, а во останатите групи над 2 години до 10 години по 15 деца. Во моментов според протоколите може да згрижиме околу 600 деца, вели Рилкова. 

„Во моментов, според протоколите и понатака додека важат мерките ние не можеме да примиме повеќе од 600 деца. Сега таа бројка, во моментов е под 600 деца, но да видиме каков е интересот и потребата па ќе ја дополниме до тој број“. 

Директорката Рилкова, вели дека повеќето групи се под 15 деца. Но, има неколку групи кои се над 15 и децата ќе ги распоредат во соседната група што одговара по возраст. Ако нема место имаат право да ги распоредат во друг објект каде што има место. Затоа апелира до родителите да не реагираат доколку детето биде сместено во друга група. Ако родителот има навистина потреба ќе го носи и во другата група, напоменува Рилкова. Кажува дека засега немаат ситуација да се одбиени деца од родители кои ги исполнуваат критеримите.

„Во моментот немаме таква ситуација.Сите што се 2 -ца вработени или самохрани се опфатени во прием во установата и во објектите. За понатака, во случај ако ни останат празни места, апел до родителите да не брзаат за упис на нови деца, кои имаат поднесено барање за 2 -ца вработени, кога ќе добиеме појасна слика од оваа недела, две, како ќе се одвиваат работите со бројот на децата кои се опфатени, ние ќе опфатиме и други деца под истите критеруими чии родители се 2-ца вработени или самохрани родители. Сепак, ние треба да планираме дека ќе треба да има место и за други деца кои се веќе запишани, можеби сега не ги носат, но понатака ќе ги носат“.

Рилкова, информира дека во моментов според протоколите има просторни услови за работа во JОУДГ „Јасна Ристеска“. Запишани се околу 1000 деца, но за да бидат и тие згрижени ќе се чека ослободување на мерките. На листата на чекање има 140 деца кои чекаат место за згрижување во еден од 5 -те објекти во градот и 4-те приградски градинки.