Секое утро паркинг просторот кај Горна Порта се претвора во мини-депонија
Се одлагаат покрај контејнерите покуќнина, градежен шут и отпад од градините кои зборуваат за ниската еколошка свест на поедници. Од ЈП повикуваат граѓаните да се однеуваат посевесно, а инспекцијата да изрекува санкции за прекршителите на Законот за јавна чистота. Од локаланта самоуправа најавуваат видео надзор на локацијата.
Во мини-депонија се претвора паркинг просторот кај Горна Порта секое утро. Комуналниот проблем на оваа локација се повторува со години наназад , но е појава која се случува и на многу други локации низ целиот град, реагира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец. Во многу мои досегашни изјави ги повикував граѓаните и комуналната инспекција и сите фактори да дадат придонес во создавање на комунален ред, но ништо од тоа, резигнирано вели Грданоски. Решението за воспоставување на комунален ред го гледа во изрекување санкции од страна на комуналната инспекција.
„ Според мене иако не e популарно едно од решенијата е да профункционира комуналната инспекција и да ги санкционира прекршителите на комуналниот ред. Ние како комунално претпријатие со нашите ресурси па дури и со двојни ресури од овие што ги имаме сликата нема да биде подобрена. Веднаш по нашето чистење се создава нова депонија и ние не можеме да дежураме на секоја локација и да подигаме кабаст отпад тоа е физички е новозможно“.
Апелира до граѓаните да водат сметка за тоа каде одлагаат отпад. Охрид ќе биде чист онолку колку што сами како охриѓани ќе го одржуваме комуналниот ред, вели Грданоски и додава дека не постои институција која оваа количина на отпад може да ја собира секојдневно.
„Цената на оваа услуга согласно одлуката на Општина Охрид изнесува 920 ден за тура од трактор заедно со 2 вработени од ЈП кои го подигаат отпадот. Сметам дека таа сума не е висока, но нема желба кај граѓаните за да ја платат таа услуга. Најлесно им е на овој начин да се ослободат од покуќнината и секаков друг непотребен отпад од домовите и го наоѓаат најблиското место за комунален отпад за да одложат и друг вид на отпад“.
Грданоски сподeкува подaток од нивното работење дека на неделна основа имаат od 10 до 15 повици за подигање на покуќнина и кабаст отпад од по домовите, а 30 интервенции дневно од локациите покрај контејнерите.
Општина Охрид го осудува ваквото несовесно однесување и упатува апел до жителите и посетителите на Охрид за поголема еколошка свест и за зачувување на хигиената на повисоко ниво. Со цел да се спречат ваквите појави и во насока на подигнување на јавната чистота, деновиве ќе биде поставен видео надзор на повеќе локации во градот, велат од локалната.