Skip to main content

Во струшката градинка „8ми Март“ ќе бидат згрижени 220 деца

Градинките ги отворија вратите после 6 месеци поради пандемијата и повторно ги примија дечињата. Во струшката градинка „8 ми Март“  ќе бидат згрижени 220 деца, а на листата за чекање има уште  130.  Одговорните велат имаат просторни услови и подготвени се да ги  почитуваат  препораките.

 |  Соња Рилковска  | 



Се врати детската врева,, градинките  ги отворија вратите за најмалите.  После шестмесечна пауза под строги протоколи за заштита од вирусот од утрово  повторно започнаа со работа детските градинки ширум земјава. Ја посетивме  струшката градинка „8 ми Март“ .  Тука ќе бидат згрижени 220 деца, а на листата за чекање има уште  130.  Одговорните велат имаат просторни услови и подготвени се да ги  почитуваат  преппораките.

„На првиот ден имаме прием на деца  не толку колку што се пријавија родителите тоа е такабидејќи ја подготвуваат ппотребната документација. Во анредните денови очекуваме да има повеќе  деца. Почитувајки го протоколот што ни е наведен од министерството за труд и социјална политика  моментално ќе згрижиме 220 деца“, вели Сема Шазимани iдиректорката на детската градинка *8 ми март Струга.

Според протоколот, се ограничува бројот на деца во една група: за децата до двегодишна возраст максималниот број  е 6 деца, а за децата од 3 до 10-годишна возраст максимум е дозволено да има по 15 деца. Родителите велат имаат потреба да ги носат децата во градинка, бидејќи одат на работа.

„Приморани сме да ги донесеме децата во градинка бидејки одиме на работа. За чистота може да кажам дека е   во ред. Детето од лани ми беше запишано во градинка  но треба да се примат и други деца. Керка ми не ми е примена а имаме потреба. Има мајки и други кои одат на работа“ , вели еден родител.

И на децата и на вработените при влез задолжително  им се мери температура. Вработените задолжително ќе носат маски. За секое дете  треба да се обезбедат по две постелнини и истите да бидат обележени со име на детето и строго да се води грижа да не се мешаат.
На секои два часа,  да се прави дезинфекција на прекинувачите, кваките на вратите, мијалниците, масите, столовите. Растојанието меѓу масите ќе  биде 1,5-2 метра.