Skip to main content

Охридски станоиздавачи реагираат дека не добиле исплата на средства за дадените услуги за ваучерите за летување

На доцнење на исплатите се жалат и некои поголеми објекти.  Хотелите имаат добиено околу  40 проценти од дадените услуги, велат од Хотам. Од министерството, пак  информираат искористените ваучери се исплатени за месец  jули. 

 |  Валентина Неловска  | 


Охридските станоиздавачи од мал обем ги чекаат исплатите на средства од искористените ваучери за летување од граѓаните кои ги користеле нивните сместувачки капацитети. Реагираат дека досега од министерството за економија немаат добиено исплата на средства до 5-ти во тековниот месец за искористените ваучери во предходниот. Некои од поголемите сместувачки капацитети, исто така, се жалат дека на нивните сметки сеуште нема уплати за дадените услуги. Во хотелите пред 20 дена почнале да пристигаат првите уплати ,вели Крсте Блажески прет на Хотам. Наскоро ќе почнат да ги добиваат првичните средства и оние кои немаат досега добиено,вели Блажески.

Сите хотели членки имаат исплати, само за два хотели нема ништо исплатено. Заради технички недостаток во документацијата. И се работи на исправка на истите и ќе бидат средини за брзо. Тие што немаат добиено средства може да го контактираат министерството за да проверат дали документите се валидни. Во спротивно ќе има застој, за повеќе информации да проверат до каде е нивната исплата“.

Исплатите на ваучерите подлежеа на процедура за заштита од злоупотреби на трети лица, напоменува Блажески. Има процедурa која трeба да се запази исто каква што е за субвенционирањето на стрнасклите туристи, а може и банална техничка грешка да ја остави документацијата на чекање.

„Овие што имаат уредна документација имаат добиено, но нема премногу. Најмногу што има процентуално исплатено од дадените услугите има околу 40 проценти ,а се движат некаде околу од 20 до 40 посто на дадените услуги, во зависност од тоа кој хотел кога ги поднел фактурите “.

Блажески ги советува субјектите кои намаат добиено исплати да се јават и проверат во ресорното министерство или да се пријават во Хотам на меилот hotam.contact@gmail.com.

Од ресорнoто министерство , пак како тече исплата на средствата по овој основ , информираат дека исплатата на фактурите за искористени ваучери оди согласно планираната динамика и средства се исплатени за месец jули. Досега се искористени нешто над 30.000 ваучери за поддршка на домашниот туризам. Фактурите кои не се комплетни или немаат целосна документација останале неисплатени и подносителите се известени. Досега во Министерство за економија се пристигнати близу 7.000 фактури од кои повеке од 70% се процесирани со решение за исплата. 30% се во фаза на проверка и истите тековно се работат, информираат од ресорното министерство.