Во ЕМУЦ беше одбележан почетокот на учебната година на третата генерација според програмата за дуално образование
Тие се школуваат според програмата за дуално стручно образование по германски модел. Оваа програма ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Македонија во неколку средни стручни училишта и во соработка со десетина компании. Во Охрид се реализира во соработка со средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“ и компаниите Леарница, Костал и ОДВ Електрик.
Во Средното стручно училиште Св. Наум Охридски стартува трета генерација ученици во дуално образование. Оваа година запишани се 25 ученици од кои 17 ученици во струката техничар за индустриска мехатроника и 8 мина техничари за производно машинство. Програмата ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Македонија во неколку средни стручни училишта и во соработка со десетина компании, меѓу кои е и охридскиот електромашиски училишне центар. Се спроведува со подсредство во контактите меѓу државниот и приватниот сектор, помеѓу училиштата, компаниите и МОН. Се потпиша Меморандум за собработка меѓу Средното стручно училиште Св. Наум Охридски и и Делегацијата на германското стопанство. Меѓусебната соработка во дуалното стручно образование меѓу нив е воспоставена од пред три години. На новата генерација 25 средношколци од образовните профили техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство денеска им беа врачени училишни ранци. Во дуалниот образовен процес се вклучени три компании од Охрид, Леарница, Костал и ОДВ Електрик. Наставата на учениците се одвива 50 проценти во училиштето и 50 проценти со практична работа во комапниите, информира Патрик Мартенс, директор на делгацијата на германското стопанство. Оваа комбинација на теорија и пракса во училиштата и во компаниите е од голема придобивка за учениците, напоменува Мартенс.
„Тоа значи дека Делегацијата на германското стопанство е вклучена во спроведување на дуалното стручно образование по германски модел ги координира и управува сите процеси поврзани со оваа програма. Посредува во контактите меѓу државниот и приватниот сектор, помеѓу училиштата, компаниите и МОН “.
Трите општествено одговорни компании кои се вклучени во дуалното стручно образование се активно вклучени и во изготвување на стручни планови и програми. Во нивен интерес е да обучуваат квалификуван кадар кој подоцна ќе го задржат во своите компании. Делегацијата на германското стопанство обучи и ментори кои ќе работат со учениците. Денес беа врачени и сертификати за 2ца ментори од Леарница ,а наскоро ќе почне обука и за по 2ца ментори од Костал и ОДВ Електрик. Во стручното училиште Св. Наум Охридски оваа година од 1 до 4 година се запишани 720 ученици во сите 4 струки сообраќајна, лични услиги, машинска и електротехничка струка. Практична настава се реализираа во 3 и 4 година, информира Сашо Недески, директор на ССУ Св Наум Охридски.
„Ова е трета генерација на ученици во дуално образование. 17 ученици се запишани во техничар за индустриска мехатроника и 8 техничари за производно машинство. Првата година им е теориска настава, а веќе од 2 година изведуваат практична настава со учење преку работа во трите компании. Од од произвосно машинство во Костал и Леарница, а во сите три компании профилот теничар за мехатроника“.
Учениците добиваат можност да се стекнат со положен државен испит за државна матура, но и со практична обука на оваа возраст да навлезат во производствениот процес на компаниите. Со дуалната образовна програма може да се запишат и на факултет и да овзоможат личен и професионален развој во природните науки.