Skip to main content

Во општина Охрид нема застој во спроведување на вакцинации



Службата  за превентивна здравствена заштита  работи професионално според протоколите дадени од ресорното министерство. И покрај ковид пандемијата имунизацијата досега тече без одложување.   

 |  Валентина Неловска  | 

Охридската служба за превентивна здравствена заштита на предшколски, школски деца и студенти работи според строго добиени препораки и протоколи добиени од МЗ. Д-р Соња Мариноска, раководител на одделението за вакцинации, информира дека во овој период имунизацијата во општина Охрид тече без проблеми и со почитување на сите протоколи за безбедност од ковид 19.

„Добивме насоки да се нормализира работата да се отпочнат систематските прегледи и имунизацијата. Истовремемо поднесуваме известувања за спроведување на училишна имунизација до МЗ. Даваме извештаи колку ученици се вакцинирале и колку систематски прегледи се направиле“.

Од почетокот на состојбата со ковид 19 досега службата за имунизација работи без проблеми. Предшколските деца кои подлежат на имунизација и систематски преглед ги повикуваме со претходна покана по телефон во точно определено време.Водиме грижа да се избегне истовреме присуство на повеќе од две деца. При контактите со родителот се зема анамнеза, дали е здраво детето, се зема анамнеза и за здравствената состојба на домашните дали имале контакт со позитивни на ковид и според тоа се одлучува дали ќе се прими или одложи вакцината.

„Побаравме од класните раководители да ги известат родителите на 6 и 7- годишните деца и на 12-годишните девојчиња за нашиот службен телефон за да закажат термин за вакцина во точно определено време. За 6 и 7 -годишните деца имаме контакти и ги повикуваме, но по проблематични се 12 годишните девојчина заради ситуацијата со ковид не пуштаме покани по пошта туку ги повикувме да се јават на нашиот телефон“.

Досега во Охрид биле одложени сосема мал број на вакцини. Тоа се случило ако децата биле под терапија или родителите биле во изолација од корона или пак биле болни. Но, по нормализирање на состојбата децата приемиле вакцина. Од службата за превентивна здравствена заштита на предшколски, школски деца и студенти потсетуваат дека сите вакцини се задолжителни и без причина да не се одложуваат.