Општина Дебрца се впиша во регистерот на производители на електрична енергија
Поставени се соларни панели на општинската административна зграда и на две училишта. Проектот е грант за подобрување на на инфраструктурата во руралните општини, а е поддржан од Министерството за финансии и ИПА фондовите.
Општина Дебрца доби решение за регистрација на фотоволтаични соларни системи. Со тоа се впиша во регистерот на прозиводители на електрична енергија со соларни панели. Панелите се поставени на две подрачни училишта во Белчишта и Требеништа и на административната зграда во Белчишта, информира градоначалникот Зоран Ногачески.
„Општината досега беше потрошувач на електрична енергија, сега има објекти кои се јавуваат како производители на електрична енергија со помош на сончевата енергија. Тоа ќе значат дополнителни заштеди и за училиштата и за општината“.
Директорот за енергетика им ги предаде решенијата на градоначалникот Зоран Ногачески и на Билјана Славевска, дирекор на ОУ Дебрца.Проектот со инсталирање на фотоволтаичниот систем е мошне значаен за општината и во заштедите на потрошувачка на електричната енергија.
„За скоро на крајот од годинава ќе го имаме податокот колкава ќе е заштедата на електричната енергија на годишно ниво“.
Фотоволтаичните соларни системи за производство на електрична енергија се обезбедени како грант преку Министервото за финансии. Се работи за проект за подобрување на општинските услуги во руралните општини. Средства беа обезбедени од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој.