Skip to main content

Голема е побарувачката за бесплатните вакцини во Охрид

Во Здравствен дом стигнаа 600 дози, а  матични лекари имаат на список запишани и по 500 хронични пациенти  кои чекаат мој термин за бидат вакцинирани. Лекарите немаат термини за креирање мој термин и се создава револт и нервоза кај пациентите.Од ЦЈ смируваат дека ќе има дистрибуција на дополнителни  количини бесплатни вакцини за Охрид кон крајот на ноември.   

 |  Валентина Неловска  | 

Од утре стартува вакцинација против сезонски грип со бесплатна вакцина наменети за здравствените работници, ризичните групи во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години. Денеска голем број револтирани граѓани се јавија во редакцијата на ТВМ. Изминатиов период тие се пријавувале кај своите матични лекари и биле запишувани на списоци за вакцинирање, но сега матичните им рекле дека нема вакцини. Тоа го потврдуваат и матичните лекари кои ги контактиравме. Велат дека не можат да им закажат вакцинирање на своите пациенти затоа што на системот нема слободни термини. Додаваат дека од утрово им доаѓаат граѓани во ординациите и бараат објаснување зошто нема термин а уште незапочната вакцинацијата. Некои од матичните имале и по 200 пријавени пациенти на список кои ги исполнуваат условите за бесплатна вакцинација. Денес стигнаа околу 600 дози за Охрид и тоа е прва дистрибуција, втората, најверојатно ќе биде доставена на крај на ноември и почеток на декември. Се поставува прашањето дали набавената количина бесплатни вакцини за ризичните категории ќе бидат доволни со оглед на огромниот интерес на граѓаните.


„Денеска имавме информации дека нема термини, дека вакцините се потрошени. Апелирам до сите граѓани да бидат спокојни, да не се вознемируваат затоа што ако сега се потрошени термините за оваа количина која што стигнала сега. Министерството за здравство во текот на ноември ќе обезбеди дополнителен број во онои 40000 вакцини наменети за цела држава.“, информира Сашо Точков,директор ЦЈЗ Охрид.

Од Центарот за јавно здравје очекуваат оваа година за Охрид, Струга и Дебар да добијат 3 500 до 4000 вакцини.Годинава бесплатните вакцини ќе се даваат во здравствените домови со цел да му се олсни работата на Центарот за јавно здравје, поради ангажираноста со ковид пациенти.
Од ресорното министерство во повеќе наврати посочија дека секоја година интересот за вакцинирање против сезонски грип е сѐ поголем, особено кај хронично болните и постарите лица воедно потенцирајќи дека имунизацијата е особено важна во период кога се соочуваме со пандемијата со коронавирусот во сезоната на грип. Оваа година, за бесплатно вакцинирање државата набави 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона. Допрва ќе се покаже дали со овие количини е реално антиципиран интересот за вакцината во време на корона.