Лацио не го дава Пандев
Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев ќе може да го напушти летово Лацио само со добра волја на раководството на тимот од Олимпико.
Горан Пандев

Пред квалификацискиот натпревар на Македонија со Исланд, Пандев потврди дека чека дозвола од Лацио да побара друг клуб, во летниот преоден рок.
Најдобриот македонски фудбалер разговарал со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, и истакна дека засега ќе ја почитува желбата на римскиот клуб. Се погласни се убедувања дека „небесносините“ сакаат да го задржат Пандев во своите редови и за следната сезона.
– Како што стојат работите, најверојатно ќе останам во истата екипа и следната сезона. Лацио не е заинтересиран да преговара со други клубови, истакна Пандев.Како што пренесуваат италијанските медиуми, од таборот на Лацио велат дека не е пристигната ниту една понуда за македонскиот репрезентативец на адресата на „небесносините“.На Пандев му истекува договорот со Лацио во јуни 2010.

{loadposition content9}