Skip to main content

Депонирани абразивни средства со кои ќе се делува во зимски услови

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла.

 |   | 

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ ( бараки), ул.„Питу Гули„, , ул„Јане Сандански„ (пункт „Мини маркет„), по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа: с.Елшани , с.Долно Коњско, нас.Исток, с.Рача, с.Рамне, с.Велестово, с.Куратица и с.Велгошти. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.