Skip to main content

Ново име за Боливија

Боливискиот претседател, Ево Моралес, потпиша декрет со кој што Боливија повеќе не е република туку официјално треба да се нарекува „Многунационална држава“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Evo Morales
Ево Моралес
Боливискиот претседател, Ево Моралес, потпиша декрет со кој што Боливија повеќе не е република туку официјално треба да се нарекува „Многунационална држава“.

BolivijaОва како што пренесува Интерфакс го објави боливискиот весник „Тиемпос“. Со декретот се утврдува „употребата на Многунационална држава Боливија во сите јавни и приватни односи, меѓународните дипломатски односи, а исто така и во националната и меѓународната кореспонденција.

Измената е внесена и во новата верзија на Уставот на државата, што беше одобрен на референдум во јануари.

 

{loadposition content9}