Skip to main content

Не е откриено кој истоварал земја и градежен шут во езерото на брегот кај населбата Далјан

 Инспектори од општинскиот и Државниот инспекторат излегле на увид , но не откриле кој е сторител на  девастирањето на крајбрежјето. Чекаат истражните органи да утврдат кој стои зад овие активности. Градоначалникот најави дека се  работи на случајот, а во меѓувреме ќе биде ангажирана  механизација за да го расчисти теренот.  

 |  Валентина Неловска  | 

Не е познат сторителот кој направи насип од гардежен шут и земја на брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан. Во близина на Домот за стари лица кој е во изградба растоварена е земја на брегот и во езерските води. Градоначалникот Константин Георгиеск, и вели се работи на случајот за откривање на строителот. Направен бил увид од општинскиот градежен инспекторат и државниот инспектор за животна средина, а се чекало на истражните органи да утврдат кој стои зад овие активностi.

„Направивме записници и чекаме информација од полиција за идентификација на сторител за да поднесеме пријави. Во наредната недела ќе ангажирам градежна механизација и се што е насипано ќе биде одстрането. Земјиштето ќе биде вратено во првобитна состојба“.

На местото на настанот излегле и полициски инспектори кои извршиле увид на посочената локација.


„На местото не е затекната градежна машина која извршува одредени градежни работи, но извршено е фото документирање од затекнатата состојба. Ќе се утврди сопственоста на градежна машина која е во близина на тоа место“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.


Портпаролот додава дека продолжуваат и други активности на терен за прибирање на докази, коишто се во координација со општинскиот градежен инспекторат и со Државниот инспектор за животна средина,