Skip to main content

СТО со нови членки

Русија, Казахстан и Белорусија планираат да пристапат во Светската трговска организација (СТО) како единствен блок и да ги прекинат одделните преговори со организацијата.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Русија, Казахстан и Белорусија планираат да пристапат во Светската трговска организација (СТО) како единствен блок и да ги прекинат одделните преговори со организацијата.

logo„Премиерите на Русија, Белорусија и Казахстан ќе ја известат СТО за својот план да почнат пристапни преговори како трипартитна унија, како и да ги прекинат националните преговори за членство во организацијата“, изјави синоќа рускиот премиер Владимир Путин на состанокот на Евроазиската економска заедница.

Путин истакна дека членството во СТО е заеднички приоритет на трите држави и поради тоа тие заеднички ќе настапат во остварување на целта.

Тој најави дека унијата на трите земји би требало да биде воспоставена до 2010 година.

Русија веќе 16 години се обидува да влезе во СТО и претставува најголема економска сила надвор од таа организација, која што ја сочинуваат 153 земји членки.

 

{loadposition content9}