Skip to main content

Марија Шиникоска, самохрана мајка со три деца низ солзи бара помош од заедницата

 Со плата која ја зема едвај врзува крај со крај во текот на месецот. Не може на своите деца да им обезбеди минимум услови за живот. Зимата е на прагот, а таа со децата  е сместена во  влажна соба, без струја и греење. 

 |  Валентина Неловска  | 

 

31 годишната Марија Шиникоска е самохрана мајка на три деца. Младата мајка низ солзи и со тешко срце бара помош од заедницата. Таа и нејзините деца живеат во една влажна просторија која прокиснува, а привремено ја добила на користење од нејзина пријателка. Шиникоска се бори во животот со помош на хуманите пријатели бидејќи со платата која ја заработува не може да им обезбеди пристојни животни услови на нејзините три малолетни деца 6 годишната Светлана, 4 годишната Димитра и двегодишниот Виктор. На прагот на зимата Шиникоска и нејзините деца се без струја еден месец и без огревно дрво, а мора секој месец да обезбеди и лекови за

„Многу ми е тешко. Во влага сме децата ми се разболеа. Едното ми е со бронхитис, вчера ни донесоа шпорет. Ни најде шпорет Бојана, многу сум и благодарна, многу ми е тешко. Се грееме на дрва кога ќе земам плата да обезбедам дрва да се греат.


Во ова време на пандемија многу тешко и паѓа што немаат струја, а нејзиното прваче треба да пишува домашни задачи.

„Светлана ми вели, сакам да нема влага и да имам детска соба за да можам да учам. Многу ни е тешко. Ако може некој да ни помогне ќе им бидеме благодарни. За наставата да ја следи одиме кај другарка ми. На вибер и пуштаат материјал за да учи и другарка ми да ни покажe. Многу ми е тешко“.

Самохраната мајка Марија Шиникоска, вели дека покрај добрите луѓе помош добила и од општина Охрид со средства за оперција на ќерката Димитра. Вели дека нејзиното барање до државата за социјален стан досега било безуспешно.