Во алпинизамот продолжуваат само најупорните спортисти
Охриѓани покажуваат интерес за алпинизмот како спорт. Подготовките се напорни, а процесот за добивање лиценца за алпинистички инструктор не е лесна и едноставна постапка, вели Антонио Додевски од АК Патагонија.
Алпинизмот како спорт е интересен за охриѓани и има интерес за членување во Алпинситичкиот клуб Патагонија, вели алпинистичкиот инструктор Антонио Додевски. Тоа е спорт во кој успеваат дисциплинираните и истрајните спортисти. Алпинизмот е специфичен спорт, дејност, еден од најкомплексните планинарски спортови, вели Додевски.
„Времето кое треба да се посвети на алпинизмот е сериозно. Има интерес, луѓето прашуваат, но само 5 проценти од оние кои се заинтересирале и почнале ако се задржат во алпинизмот за нас е среќна околност“.
Во јавноста не е многу познато како течат подготовките. Што во суштина опфаќа едукацијата и тренингот во алпинистичкиот спорт. Морам да кажам дека процесот на едукација е долготраен, потенцира Додевски.
„Најмалку 2 до 3 години се потребни еден почетник да дојде до позиција на самостоен качувач. Напорни и редовни тренинзи кои се еднакви со другите професионални спортови, а во алпинизмот не можеме да зборуваме за професионален спорт бидејќи во светот нема професионалци и се ретки оние кои живеат професионално од алпинизмот“.
Во охридскиот АК Патагонија има 15 членови. Од нив има еден инструктор, во моментов еден канадидат за инструктор, 5 алпинисти ,а останатите се аспиранти или курсисти за да добијат лиценца алпинист. Самостојни алпинисти се 7-8 луѓе кои можат да водат клиенти на виа фератите кои наскоро ќе ги има и во охридско-струшкиот регион.