Поставен асфалт на дел од улицат Абас Емин до пресекот со улицата Охридска бригада
Продолжува етапното асфалтирање на улицата во должина од 1 километар. Пред неколку месеци беа асфалтирани со прв слој 300 метри од улицата до пресекот со Туристичка.
Денес е ставен асфалтен слој на дел од Абас Емин. Со тоа продолжува етапното асфалтирање на улицата. Претходно беа асфалтирани околу 300 метри на дел од улицата до пресекот со Туристичка. Како ќе завршуваат сложените подземни градежни работи под улицата така ќе се поставува асфалт на дел по дел од Абас Емин, информираат од ЛС.
„Сега ќе се постави прв слој на асфалт до пресекот со улицата Охридска биргада. Понатака како ќе се оди по текот на улицата Абас Емин во должина со пресекот на улицата Железничка ќе се решаваат инфраструктурните инсталации во однос на канализација, водовод, отпадни води и електрична енергија, така ќе се афалтира дел по дел улицата“.
Зафатите за реконструкција на улицата Абас Емин започнаа во месец април оваа година. Роковите се пробиени, а работите се одвивaа со потешкотии заради појава на различни диви приклучоци на комуналната инфраструктура, вели општинскиот портпарол.
„Понатака ќе се продолжи етапно да се работи. Очекуваме и на тој потег и понатака да се појавуваат проблеми под улицата во однос на инфраструктурата. Како етапно ќе се решаваат проблемите така ќе се асфалтира улицата. Се надевам дека до напролет ќе е целосно реконструирана Абас Емин со втор слој асфалт и уредени плочници.“
Градежната инвестиција на улицата Абас Емин oпфаќа комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“.Целосно се решава и подземната инфраструктура почнувајќи од фекалната, атмосферската и водоводната мрежа. Градежните зафати се реализираат со средства од Буџетот на Општина Охрид и Министерството за транспорт и врски во висина од околу 40 милиони денари. Министерството за транспорт и врски обезбеди средства од 22 милиони денари од Европската Банка за обнова и развој.