Матичните лекари денес добија препораки како да се користи лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19
Стручното мислење е од колегиум на доктори од Клиниката за пулмологија и ковод центрите на интернистичкиот блок во Скопје. Охридската болница нема да го користи Ивермектинот за лекување хоспитализирани болни од ковид 19.
Охридските матични лекари утрово добија препораки за употреба на лекот Ивермектин. Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно решението на МАЛМЕД, лекот се издава исклучиво на рецепт и чини 300 денари. Препораките за начинот на употреба и дозирање на лекот кај пациенти со Ковид се обезбедени од стручен колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и Ковид центрите на интернистички блок, информира д-р Љупчо Костески претседател на Здружението на Приватни матични лекари од Охрид. Напоменува дека оваа препорака била базирана на светски искуства при користење на лекот Ивермектин.
„Главно е како се дозира, имало пракса за користење заедно со уште еден лек тетрациклин, кој дози да се искористат, кој дози се користат во профилакса, кој дози во почетна фаза на симптоми на ковид 19. Тие моменти се дадени на матичните лекари. Здружението на приватни лекари го обезбеди стручното мислење и тие го имаат кај себе. Од надлежните власти немаме добиено, но добро е што го имаме ова стручно мислење. Имаме видување како светот го користел и која е праксата, кои се заклучоците на светско ниво од користењето на ивермектинот“.
Овој лек од вчера е во аптеките , а матичните лакари препорачуваат граѓаните да не трчаат во аптеките да го бараат лекот и да не прават залихи. Во претходните најави на министерот за здравство Венко Филипче беше кажано дека ивермектинот ќе може да се користи и во болнички услови. Од охридската Општа болница информираат дека засега не го користат овој лек во лекување на хоспитализираните пациенти од ковид 19.
„Лекот Ивермектин не го давме затоа што тој е лек за полесна клиничка слика. Нашите пациенти се во потешка клиничка слика и по сите рутински препораки и во консултација со Инфективна клиника од Скопје не се користи во редовна терапија , ана нашето одделение лежат пациенти со тешка клиничка слика“.
Во моментов се наоѓаат 40 пациенти на лекување на ковид одделението при Општа болница Охрид, а од нив 30 се на кислородна поддршка.