ЈП Комуналец наскоро очекува да го добие на користење специјалното товарно возило
Од ЈП Комуналец најавуваат дека паралелно тече и поставувањето на подземните контејнери за отпад. Во првите пролетни месеци ќе почне употребата на специјалното возило и подигање смет од одредени локации низ Охрид.
Заврши тендерската постапка за набавка на специјално товарно возило за подигање отпад од подземни контејнери. Станува збор за возило со хидраулика, со кука кое ќе го подига садот, ќе го празни во камионот и ќе ја враќа вреќата назад. Локалната самоуправа за негово купување одобри 1 милион денари, a ќе биде наменето за потребите на ЈП Охридски комуналец,информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП.
„Согласно тендерската постапка рокот на доставување на камионот е 40 дена. Постапката е при самиот крај. Ние сме во контакт со општината и како оди постапката за поставување на подземните контејнери ќе пристигне и камионот со кој контејнерите ќе се празнат“.
Во тек се постапките и за поставување на подземните контејнери на 4 локации. Првиот контејнер е веќе поставен кај Горна Порта. Мали проблеми се јавиле при поставувањето на контејнер на Кеј Македонија, во близина кај ПТТ, вели Грданоски.
„На една локација излезе проблем при поставувањето излегоа подзмени води се работи за Кеј Македонија. Надзорниот одбор од фримата која ги поставува контејнерите ќе одлучи дали ќе може да се постави контејнeр тука или ќе се бара соодветна друга локaција и ќе биде заменета“.
Фунцкионирањето на новиот начин на подигање смет со специјалното возило се очекува да профункционира од првите пролетни месец. До колку се покаже успешен овој проект и даде позитивни резултати, во иднина од ЈП со помош на ЛС ќе набават ново возило за да има непречено работење и подигање на отпадот на овој начин.