Конечно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Струга
Заеднички тимови на Хидроцентралите Горна Белица и Водовод Струга ќе работат на решавање на проблемот со водоснабдувањето на стружани. Ќе се скенира состојбата на терен со цел изготвување стратегија а надлежните најавуваат и редовно чистење на резервоарите.
Сопственикот на хидроцентралите во Горна Белица, Кочо Ангушев во договор со ЈП Водовод Струга се обврзал со заеднички тимови да ја скенираат состојбата на каптажите и да обезбедат чиста вода за граѓаните. Надлежните најавија и еднаш месечно чистење на резервоарите.
„Составивме две групи тимови од наша и нивна страна за да се согледа каква е ситуацијата. Ќе се направи стратегија, се сложивме ако е тука проблемот со негови средства да го реши тој проблем . Петтата каптажа од каде земаат вода ако не е таму ке бараме низ цела линија да се реши проблемот еднаш засекогаш“ , вели Дашмир Насуфи директор на ЈП Водовод и канализација Струга.
Од Вдовод Струга најавија и замена на старите азбестни цефки со нова водоводна мрежа. Според надлежните веќе е започнат тој процес.
„Ќе се направи нов систем на водоснабдување. Ние ќе почниме, а веќе е почнато ама ќе продолиме со подолги линии за да се реши проблемот. Да се пповлечат азбесните цефки да се стават нови по стандарди“. , додава Насуфи.
Водата во Струга половина месец беше заматена и забранета за пиење и хигиена, а години наназад стружани се соочуваат со недостиг на вода за што пред неколку месеци организираа и протест.