Преку летна школа – ќе се афирмира шахот
Габриела Коскоска, државна првенка во шах, ги учи младите како да се се совладат тајните на шахот. Во градот има таленти за кои семтаме дека се надарени да играат на црно-белото поле, вели тренерот.
Габриела Колоска

Шахот во Македонија годиниве наназад стагнира. Се помал е бројот на млади кадри кои сериозно сакаат да се навлезат во тајните на шахот. Најдобрата шахистка во Македонија, повеќекратната државна првенка и репрезентативка, Габриела Коскоска, летово ќе го афирмира шахот во Струга. Токму поради тоа, летово ќе фунцкционира школата за обука на млади лица.
Оваа школа во Струга е петта по ред која функционира во државава. Досега има две во Скопје и по една во Неготино и Прилеп. За почеток сме задоволни од интересот на младите. Засега има 15-тина децата кои ги учат тајните на шахот.
„Летната шаховска школа„ работи три пати во неделата, во Понеделник, Среда и Петок со почеток во 18 часот. Ќе функционира до крајот на летото, а потоа во зависност од заинтересираноста и ефектите од тренингот ќе одлучиме што понатаму“, вели Коскоска.
„Навистина е многу краток периодот од три месеци да отцениме дали некој од членовите имаат талент за играње шах или не. Веќе има неколку деца кои умеат да играат на црно-белото поле“, вели Коскоска.
Очекува дека со функционирањето на шаховската школа ќе ја постигнеме целта. Инаку, младите кои сакаат да бидат членови на оваа школа не треба да вложат пари туку само труд и љубов кон шахот, вели Коскоска.

{loadposition content9}