Skip to main content

Хотелиерите бараат вработените во овој сектор да бидат имунизирани меѓу првите во земјава

 За да се вратат странските гости на нашето крајбрежје апелираат  земјата  да започнe со имунизација. Планираат воведување  и на нови  протоколи  за гостите да имаат безбедна туристичка дестинација. 

 |  Валентина Неловска  | 

Хотелиерите побараа преку Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот да се издејстува вработените во оваа индустрија да бидат вакцинирани меѓу првите во земјава. Покрај усогласувањето на сите протоколи и добивање сертификати кои се применуваат во Европската унија, за нив е примарно земјава да отпочне со имунизација. Лани домашната економија од туризмот забележа пад дури од 41 процент. Тоа е спас на претстојната туристичка сезона 2021, апелира Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ.

Едно од важните барања ќе е угостителските работници да бидат меѓу приоритетните кои треба да се вакцинираат во државава. Со тоа ќе дадеме слика дека сме безбедна туристичка дестинација и сезоната 2021 за секој гостин од странство и дома да се чувствува безбедно“.

Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на денешната работна средба ги слушна нивните барања како Македонија да биде безбедна туристичка дестинација. Во овој сектор има 8000 вработени, а 15. 000 вработени во дополнителните гранки поврзани со туризмот. Јанески рече дека ќе ја инфомираат Владата за барањата на хотелиерите за да се донесат решенија.

Една од темите на кои ќе зборуваме со Хотам и туристичкиот сектор е можноста да се даде приоритет при вакцинирањето и на хотелските работници со цел повеќе да ги увериме странските туристи дека Македонија е безбедна дестинација за Лето 2021“.

Враќањето на туристите на нашето крајбрежје нема да зависи само од нашата подготвеност за создавање на безбедно патување туку и од состојбите со пандемијата во Европските земји и дали нивните граѓани ќе може да патуваат во трети земји, напомена при тоа Јанески.
Хотелиерите покрај апелите за што поскора имунизација против ковид 19 во нашата земја, пред стартот на туристичката сезона ќе работат на обезбедување сертификати за безбеден престој на туристите. Тоа значи покрај веќе прифатените протоколи и примена на нови како што се озононирање на собите, а за ресторанските услуги ќе се бараат безбедни протоколи за послужување на појадок на т.н. шведска маса.