Skip to main content

Божиновски: Дали власта на СДСМ се подготвува за партизација на процесот на попишување

Без ни малку срам СДСМ објавува конкурс за попишувачи на својата официјална партиска Фејсбук страница, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

 |   | 

Без ни малку срам СДСМ објавува конкурс за попишувачи на својата официјална партиска Фејсбук страница, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори кој беше објавен во текот на вчерашниот ден, па повлечен од партиските послушници,  е класичен доказ дека се работи за политичка операција, а не статистички попис, кажа Божиновски.
„ СДСМ Охрид и пратеничке Жаклина Лазаревска, повикувате ли партиски војници на конкурс да спроведуваат државен попис? Или партиско членство ќе ажурирате преку Општинската пописна комисија која ќе избира теренски попишувачи? Дали тоа ќе бидат блиски луѓе на секретарот на Општината и партиски членови? Кои се луѓето од секторот за финансии кои ќе бидат дел од Комисијата и ќе добијат надомест од околу 500 евра? Дали помошничката на Лазаревска сега нововработена во општината и секретар на партиската младина дополнително ќе инкасира 500 евра? Оваа Комисија ќе одлучува кои попишувачи ќе бидат ангажирани на терен исклучиво по партиски клуч! – кажа Божиновски.