Skip to main content

Одличен настап на охридските стрелци на I Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма

Согласно Протоколот за одржување на тренинзи и натпревари во услови на Ковид-19 пандемија, викендов на стрелиштето Раде Јовчески-Kорчагин во Скопје се одржа I Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, во организација на македонската спортска стрелачка федерација.

 |   | 

Согласно Протоколот за одржување на тренинзи и натпревари во услови на Ковид-19 пандемија, викендов на стрелиштето Раде Јовчески-Kорчагин во Скопје се одржа I Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, во организација на македонската спортска стрелачка федерација.

Во вонредни услови, почитувајќи ги препораките и Одлуките на Владата и Министреството за здравство, успешно беше завршен овај Куп, на кое учество зедоа повеќе од 60-тина стрелци од државава.

И во вакви услови, со претходно редуцирани тренинзи, стрелците од Охрид имаа едно прво и едно второ поединечно место, но и поставен нов Државен рекорд.

Прво место со нов ДРЖАВЕН рекорд од 617,2 кругови за младата Јована Милевска која со својот извонреден резултат успеа да го собори досегашниот рекорд за 0,2 кругови, кој истотака и припаѓаше нејзе, притоа оставајќи ја зад себе второпласирана за 1,5 кругови. Во истата категорија на 9-тата позиција се пласира Марија Ванѓеловска, Ива Маленко, на 12-тата позиција и Калина Чепуњоска на 18-тата позиција од вкупно 24 јуниорки.

Во јуниорска категорија, уште еден млад охридски стрелец, но овојпат од ЖСК ,,Лихнидос“-Бојан Спасеновски се пласира на втората позиција со резултат од 598,2 кругови, односно за 0,5 кругови подобар од третопласираниот. Кај јуниорите после подолг период се врати Никола Спироски од ЖСК,,Лихнидос, а за прв пат, свое натпрварувачко учество зедоа Даниел Стојаноски, Владимир Здравковиќ, Христијан Србакоски и младата јуниорка Емилија Алексоска. Во сениорска категорија, Мартина Петровска ја зазеде 4та позиција со резултат од 572.7 круга.