Денес протестен марш на иницијативата „Култура или фискултура?“
Во знак на солидарност и поддршка на најавениот Протестен марш, предводен од иницијативата „Култура или фискултура?“, кој ќе се одржи во во Скопје, денеска на Кеј „Македонија“, пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, работниците во културата од институционалната и вонинституционалната сцена на локално ниво, во периодот од 12:15 до 13:00 часот, ќе излезат на симболичен собир
Во знак на солидарност и поддршка на најавениот Протестен марш, предводен од иницијативата „Култура или фискултура?“, кој ќе се одржи во во Скопје, денеска на Кеј „Македонија“, пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, работниците во културата од институционалната и вонинституционалната сцена на локално ниво, во периодот од 12:15 до 13:00 часот, ќе излезат на симболичен собир.
Протестниот марш, во организација на „Култура или фискултура?“ произлезе од проблематичниот избор на директорот на институцијата Центар за култура „Антон Панов“ од Струмица, каде од тројцата кандидати (магистер по културен менаџмент, актер со 20 години стаж во институцијата, и наставник по физичко образование) беше одбран најмалку соодветниот кандидат, под заклучок дека е единствен кој ги исполнува формално-правните услови! Иницијативата да се преиспита и разреши, вака одбраниот кандидат, беше подржана од преку 200 индивидуалци и групи од културната сцена. Случајот во НУЦК „Антов Панов“ Струмица, само фрла светлина врз долгогодишниот деградирачки однос кон институционалната култура, каде за доделување на раководните функции најважен критериум останува партиската припадност и клиентелизмот.
Ваквиот однос, произведува долгорочно негативно влијание врз квалитетот на програмите, градењето на публиката, како и на самата атмосфера и мотивација за работа на стручниот кадар во институциите, вели Кристина Тодороска- Петреска во име на група индивидуалци, работници во културата.
На Протестниот марш „Култура или фискултура?“ културните работници ќе излезат со 5 конкретни барања, кои во иднина можат да ги превенираат овие аномалии и конечно ќе се започне со вистинско валоризирање и воведување на соодветни критериуми за избор на квалитетни раководители во секоторот култура, како витален дел од секое општество, како што и беше предвидено во Националната стратегија за култура 2018-2022 година.
Тодороска- Петреска упатува покана до сите засегнати страни (работници во културата, независни уметници, музичари, млади иницијативи, публика, медиуми) на локално ниво, кои ги споделуваат истите ставови, да се придружат на собирот.