Skip to main content

Раде Стојановиќ останува на кормилото на ГРК „Охрид“

Во петок започнува долго очекуваниот ракометниот плејоф во македонската супер лига. Според голем број ракометни фанови станува збор за најдоброто и најнеизвесно првенство во историјата на ракометот во Македонија. Охридските гладијатори веднаш на почеток имаат големо дерби во Скопје со Бутел дирекниот конкурент за едно од првите четири места кои носат пласман во  европските купови.

 |   | 



Менаџментот на Градскиот ракометен клуб Охрид продолжува со досега успешниот начин на работа. Покрај актуелната сезона размислува и за следната. Во таа насока е продолжувањето на соработката со досегашниот тренер Раде Стојановиќ. Тој денеска доби нов едногодишен договор.

„Презадоволен сум можам да кажам дека имаме една добра соработка, се гледа како во текот на овие две години екипата расте. Така и ја растам со екипата и мислам дека ќе продолжиме во тој правец, па и повеќе од ова.“ – вели Стојановиќ.

Целта на градскиот клуб е да се најде помеѓу првите 4 екипи што носи пласман во европските купови. Но тоа нема да биде лесно бидејќи конкуренцијата е голема а најголемите конкуренти Пролет Бутел и Струга значајно се засилија во зимскиот преоден рок. Охриѓани имаа само еден трансфер, а со донесувањето на Михајло Младеновиќ продолжува вложувањето во младите ракометари.

Јас сум задоволен од сите како напредуваат.Ние имаме играчи родени 2000та година, со Младеновиќ имаме скоро цела постава на таа возраст. Сите добро напредуваат. Видовте и со повикот на Мартин Иваноски во А селекција на поширокиот список. Сигурно не е повикан бидејќи не играл, туку бидејќи играл и сите ќе добијат шанса и се надевам дека како и останатите и тие ќе ни помогнат за тоа што не очекува во овој дел.“ вели тренерот.


Шанса ќе добијат веќе во петок во скопје против Бутел екипа која се засили со интернационалци на пикерската и бековската позиција. Скопјани се познати по добрата одбрана па според стратегот на Охрид ќе одлучи еден момент, инспирација на одреден ракометар а самиот натпревар ќе покаже дали засилувањата на противникот ќе дадат резултати. Мотото на гладијаторите е исто „секој дуел е дерби“ и на секој
натпревар се оди на победа борбено и пожртвувано до крај.