Skip to main content

Вевчани полека станува енергетски ефикасна општина

За нецели 3 и половина години, во Вевчани офанзивно се вложува во изградба на енергетско ефикасни објекти.

 |   | 

За нецели 3 и половина години, во Вевчани офанзивно се вложува во изградба на енергетско ефикасни објекти.

Општинската зграда на Вевчани, речиси целосно е пренаменета во ваквиот модел. Сменета е ПВЦ дограма, термо фасада, поставени се фотоволтаици. Исто така, фотоволтаици се поставени и во другите објекти, спортската сала, основното училиште, на Туристичкиот центар Вевчани.

Во центарот на Вевчани, изграден е модерен и зелен парк, во завршна фаза е ѝ изградбата на пречистителната станица за отпадни води. Со тоа се заштитуваат реките од понатамошно загадување.