20 вредни икони украдени од струшко, а пронајдени во Албанија, и по 7 години не се вратени во земјава
Тие се чуваат во музeи и одлука на властите за нивната судбина нема. Во меѓувреме не престанаа кражбите на црковни артефакти во струшко и дебарско. Најголем дел од нив завршуваат на црните пазари во Европа и Азија.
И после седум години, украдените икони од струшко, пронајдени во Албанија се` уште не се вратени во земјава. 20 вредни икони и црковни артефакти украдени од црквите во селата Радожда, Буринец и Селце албанската полиција во 2014 година ги пронајде во Тирана.
Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава со години се обидува да го врати дома. Последните информации, кои македонското Министерство за култура ги добило од Албанија се дека иконите се чуваат на безбедно во два музеи во Тирана, но се` уште се чека одлука за нивната судбина.
„ Имаше и делегација од Албанија од министерсвото ја посетија Струга , но до каде е процедурата немаме информација. 0338 За среќа последниве години нема кражби како што имаше тие години“, вели Јован Василески директор на Музеј Незлобински.
Годинава имаше две кражби во цркви во струшко, но беа одземени само пари , бидејќи вредните икони после пустошењето на црквите од 2010 до 2013 година, се чуваат во строга тајјност поделени во три безбедни депоа.
„Овие тешки кражби извршени во цркви претставува вандалски чин каде сторителите со употреба на физичка сила насилно влегуваат во црковните храмови и одземаат мала сума на пари“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Ниту високо издигнатите крстови, ниту светите икони и непристапните планински предели не ги спречија крадците да одземат над 1000 икони и црковни артефакти од струшко и дебарско. Пронајдени беа само 20 и тие не се вратени дома, останатите се претпоставува дека завршија на црните пазари во Европа и Азија. Околу 600 од нив се со непроценлива вредност изработени од Дичо Зоограф, еден од најпознатите уметници на Балканот.