Светска конференција за природни катастрофи
Светската конференција за природни катастрофи, на која ќе присуствуваат 1.800 експерти и владини претставници од целиот свет, ќе се одржи денеска во Женева.
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Светската конференција за природни катастрофи, на која ќе присуствуваат 1.800 експерти и владини претставници од целиот свет, ќе се одржи денеска во Женева.
На конференцијата, како што пренесува Макфакс, Обединетите нации(ОН) ќе го претстават извештајот за ризикот од смртност во природни катастрофи.
Според овој извештај, под огромна закана од природни катастрофи се наоѓаат жителите на Кина и Индија, а Бангладеш, Колумбија, Индонезија и Мјанмар, како земји загрозени од катастрофи како што се земјотреси, урагани, поплави и одрони.
Жителите на Бахреин и повеќето земји на Персискиот залив имаат многу мал ризик од смрт предизвикана од природни катастрофи, а во таа смисла, и Данска, Естонија, Финска и Летонија спаѓаат во „најбезбедните места на планетата“.
Индексот на ОН е направен во согласност со неколку фактори, кои вклучуваат зачестеност на природни катастрофи, ниво на подготвеност и мерки за справување со непогодите.

{loadposition content9}