Младите охриѓани даруваат крв и стануваат дел од семејството хумани крводарители
Во големото семејство на крводарители над 35 проценти од првократните крводарители биле средношколци и студенти. Денес во земјава се одбележува Денот на крводарителите и на Македонскиот Црвен крст.
Охридската организација на Црвен Крст ги реализирала планираните количества од крвни деривати минатата година и покрај вонредната состојба со Ковид кризата. Работевме макотрпно и организиравме 14 крводарителни акции со преку 1000 крводарувања со строги протоколи во услови кои не дозволуваа организирање поголеми јавни собири за да се промовира и унапредува крвдорителството, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК.
„Планот за крводарувањето се прави од Институтот за трансфузициона медицина и е околу 50.000 единици крв. Секоја година се натфрла и се задоволуваат потребите на здравствените установи. Така и ние овде го постигнуваме планот и се задоволува потребата од крвни продукти кои се бараат од здравствените установи во регионот“.
Во големото хумано семејство на охридски крвоадирители кое брои околу 1500 крводарители се приклучуваат и младите лица. Даруваат крв и не апстинираат поради страв од пандемијата.
„Оние кои се млади и кои се првократни кроводарители ги имаме многу. Во 2020 година од 30 до 35 посто се првократни дарители кои прв пат даруваат крв. Тие се најмногу од средните училишта и од факултетите.“
Втора година по ред, заради пандемијата ОО ЦК нема на свечен начин да го одбелжи Денот на крводарителите и Македонскиот Црвен крст уку ќе додели плакети за хуманите крводарители. За 2020 ќе се доделат плакети за дарувања од 5, 10 и 25 дарувања, а нема признанија за крводарители кои дале 75 и 100 крводарувања. Плакети ќе добијат ЛХТ Леарница и средношколскиот електромашински училишен центар Св Наум Охридски, како и крводарителите мотиватори Киља Златаноска и Круме Угриноски.