Разрешен директорот на струшката општа болница
Министерот за здравство Венко Филипче го разреши директорот на Струшката болница, д-р Мухамед Асани и најави дека денес или утре ќе се назначи нов директор. Ваквата одлука која министерот ја соопшти на денешната прес конференција е поврзана со случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар на која при породување со царски рез кој го вршел Асани во Струшката болница и биле отстранети матка, јајник и бубрег.
Министерот за здравство Венко Филипче го разреши директорот на Струшката болница, д-р Мухамед Асани и најави дека денес или утре ќе се назначи нов директор. Ваквата одлука која министерот ја соопшти на денешната прес конференција е поврзана со случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар на која при породување со царски рез кој го вршел Асани во Струшката болница и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Случајот го пријави семејството на родилката по што стручниот надзор од Лекарската комора во случајот не утврдил лекарска грешка што во јавноста и од граѓански организации беше пречекано со лавина критики. Филипче кажа дека донел решение за формирање на нова, 5члена Комисија, која ќе изврши надзор на стручната работа на Општа болница Струга во врска со лекарскиот третман на пациентката од Дебар.
„Првата комисија беше формирана исто така на барање на МЗ, но тој пат преку лекарската комора. Но, со оглед на неколку интервенции и барања кои што ги имаше, прво од семејството на родилката, понатаму од неколку институции, како на пример Хелсиншкиот комитет за човекови права, донесов одлука да се формира уште една комисија, која што ќе ја водат директорите на институциите, на клиниките за урологија, карил, гинекологија, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и кои што ќе треба да направат анализа на случајот“,– изјави Филипче.
Министерот вчера порача дека никој нема да биде поштеден од одговорност.
Предходно Државната комисија за спречување на корупцијата ја повика Лекарската комора која ги издава лиценците за работа да реагира и да побара одговорност од директорот на струшката болница, а 20тина невладини организации побараа да биде спроведена темелна истрага за случајот. Невадините бараа Комората јавно да ги објави имињата на лекарите што извршиле стручен надзор како и детални информации за причините зошто биле отстранети органите кај пациентката. За работата на докторот Асани се води постапка и во обвинителството во Струга, откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат поднесе кривична пријава за дива гинеколошка ординација во неговиот дом.