Пандемијата ги натера естрадните уметници да бараат други извори на приходи
Музичарите се снаоѓаат како знаат и умеат,некои имаат резервна професија, но најтешко им е на повозрасните кои не можат да се пренасочат во друга дејност.
Од талентирани музичари кои целиот свој живот заработуваат од музика , денес во потрага по нова професија. Пандемијата со корона вирисот ги остави естрадните уметници без егзистенција. Повеќето од нив барајќи решение се пренасочуваат во нова професија.
Познатата фолкерка Елена Јовчевска , раскажува дека неможејќи без приходи се вработила како економист во една компанија.
„Музиката е таа која што ја шири нашата култура, македонштината пред се` културата се искажува со македонска песна, македонска музика. Тешко ми е е без музика, јас лично секогаш сум велела пеам дека ја сакам својата работа а на некој човек кога ќе му се скрати тоа што го правел десет години вложувал во тоа се трудел да направи нешто што ке се памети а тоа е музиката нашите песни е многу тешко“ , вели Елена Јовческа фолк пејачка.
„Корона кризата придонесе музичарите да останат без приходи, поголемиот дел од моите колеги се принудени да бараат нова работа за прихди. Се надеваме дека државата ќе преземе мерки што поскоро да се вратиме на нашата примарна дејност и се надеваме дека што поскоро ке заврши оваа пандемија“ , вели Владимир Богоески од групата Тајфа.
Музичарите се снаоѓаат како знаат и умеат,некои имаат резервна професија, но најтешко им е на повозрасните кои не можат да се пренасочат во друга дејност.
„За жал има луѓе кои што се во ппоодминати години и што работат долго време само со јузика и тешко е да се пппренасоат на друга дејност. Како што гледам како се одвиваат работите ова повеќе ќе потрае да се надеваме дека ќе биде се најдобро , мислам се ова ќе заврши смао никој не знае кога“, вели Драган Василески од Камелеон.
Целата свадбарска индустрија е е на распиратор. Од фотографската комора велат голем број на фирми се затвориле и ќе се затвораат и фотографите се принудени да бараат нови работни места.
„Ситуацијата од ден во ден е полоша и доколку и оваа година нема свадби, настани, родендени ќе има затворање на фирми. Опција е да се пренасочиме кон други дејности што е малце потешко и реално сака време“, вели Миле Спасов претседател на Фотографска комора.
Цела една година нема свадби, нема концерти, нема забави. Музичката индустрија е пред колапс. Третиот бран на корона вирусот не дава надеж дека наскоро ќе се врати нормалното секојдневие.