Skip to main content

Хотелиерите бараат поскоро вакцинирање на туристичките работници

Како што приближува сезоната така расте загриженоста на субјектите од туристичкиот сектор дали земјава ќе се најде на листата безбедни дестинации. За тоа потребна е имуницазија против ковид на вработените во туризмот. Доколку се потфрли во вакцинацијата на турисмот без гости од странство му се заканува колапс.  

 |   | 



Од Хотелската асоцијација ХОТАМ  бараат што поскара вакцинација на туристичките работници. Пред  стартот на сезоната светот го зафати  трет силен бран на вирусот.. Излезот и спас на туристичката сезона се гледа во масовна колективна имунизација во која приоритет ќе имаат  вработените во секоторот туризам.
Тоа е единствениот начин за земјава  да се најде на листата безбедни туристички дестинации  и привлекување на странски гости.

„Еве слушнавме пред неколку денови Турција го направи истото сите што работат во сектор туризам во Турција во моментот се вакцинираат и со тоа покажуваат дека гостите се безбедни во тие нивни ресорт хотели. Нешто слично баравме за да може слободно да го објавиме за да почнат  тие летови од Холандија“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Неизвесна е и оваа туристичка сезона , рестрикции и лимитирани патувања се` уште се на сила. Изминува март,  а голем дел од хотелите на брегот на Охридското езеро од почетокот на зимата  се под клуч.

„Треба да се добие таа имунизација , треба вакцини не само во Македонија општо во цел регион и кога ќе бидеме побезбедни како регион  нема да се плашиме дека кога ке дојдат гости од друга  соседна држава ќе заболат или ние ќе заболиме од нив.. Тука треба да има една сигурност, а потоа полека да се почне со странските гости“, додава Блажески.

Земјата потфрли со вакцинацијата, а тоа скапо ќе го чини туристичкото стопанство, коментираат добрите познавачи. Ако и годинава   ги нема странските гости  се очекува колапс во туризмот, тоа ќе значи дополнително затворање на објекти и испуштање на работници.