Тасески: Без бело знаме влегуваме во дуелот со Вардар
По репрезентативната пауза плејофот во ракометната лига продолжува овој викенд. Во Охрид во недела
доаѓа македонскиот шампион и двократниот европски шампион ракометниот колектив Вардар. Иако имаат големо име за противник гладијаторите ветуваат дека не излегуваат со бело знаме.
Гостувањето на ракометниот клуб Вардар секогаш бил спорски настан во Охрид. За жал в недела , поради пандемијата и рестриктивните мерки на трибините во спортската сала Билјанини извори ќе изостане традиционалниот пречек за шампионот на македонија. Скопскиот клуб е една од ретките екипи која е фаворит во Охрид иако се наоѓа во серија од три натпревари во 6 дена. Големиот ростер на квалитетни играчи, искуството од меѓународните натпревари и двете шампионски ѕвезди на нивниот амблем кој секогаш носи самодоверба се најголемите предности на Вардар.
„Тоа не значи дека ќе излеземе со бело знаменце и ќе се предадеме, напротив тоа е мотив за нас за да се бориме и да се докажуваме.Ќе се бориме за секоја топка до крајот на натпреварот и ако ни се укаже некоја шанса да се обидеме да ја искористиме.“ – за ТВМ изјави Иван Тасески.
Градскиот ракометен клуб влегува во серија на натпревари против сериозни екипи како во плејофот така и во купот на Македонија. Среќата не им беше наклонета па за противници во купот ги добија Струга која не е наивна екипа и скопски Бутел, од кого го доживеаја првиот пораз оваа сезона. Според Tасески тоа било само лош ден против екипа која е сериозен кандидат за освојување на едно од првите четири места.
„Бутел не е слаба екипа која се засили во зимскиот период ако го победевме тоа ќе беше плус за нас. Атмосферата се врати не добро ниво и се надевам на добри резултати во остатокот на плејофот. “ – изјави Тасески.
За жал и овојпат охридските гладијатори нема да ја имаат подршката од трибините. На фановите им преостанува да го проследат овој дуел пред телевизиските екрани на ТВМ телевизија. Почетокот на натпреварот е закажан за недела во 18 часот.