Стартува проектот наречен „Охридско езеро-премостување на две земји кон една дестинација“
Станува збор за проект кој е дел од Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 година, а во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) “.
Станува збор за проект кој е дел од Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 година, а во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) “.
Овој проект има за цел да ги поврзе граѓаните на двете земји преку Охридското Езеро со обезбедување на соодветна инфраструктура кон врската Струга, Охрид и Подградец каде што граѓаните од двете земји и туристите, преку редовни транспортни линии на двете точки на границата ќе можат да посетат некои туристички дестинации кои се основа на културното наследство во овие две прекугранични области. Транспорт до езерото, но и туризмот треба да има зелена перспектива и да биде ориентиран кон алтернативни извори на енергија, така што снабдувањето со два брода на соларна енергија ќе даде директен придонес кон подигање на свеста на општеството за зачувување на животната средина и промовирање на туристите понуда во овие аспекти.
Од локалната самоуправа од Струга велат дека овој проект ќе даде стратешки придонес за развој на туризмот и зачувување на културното наследство во прекуграничните региони на Охридското Езеро, општина Струга и Охрид но и Општина Поградец во Албанија.
Проектот ќе биде поддржан од Европската комисија, а чини 2 милиони евра.